Во тек е потрага по 34-годишна државјанка на БиХ, исчезната во пожарот кај Омиш

Хрватската горска служба за спасување (ХГСС) започна потрага по државјанка на Босна и Херцеговина која исчезнала за време на големиот пожар што го зафати подрачјето на Омиш.

На терен се околу 20 припадници на ХГСС од станицата Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и на останатите служби. Потрагата е насочена кон подрачјето околу возилото од кое жената се оддалечила за време на пожарот.

Хрватската полиција потврди дека станува збор за 34-годишната Драгана Антешевиќ, државјанка на Босна и Херцеговина, чие исчезнување било пријавено откако пожарот, кој во ноќта меѓу 12 и 13 август го зафатил омишкото подрачје, стигнал и до Станиќи.

Според објавените информации, Драгана е висока 165 сантиметри, со средна телесна градба, црна коса и кафени очи. Има овално лице, мал нос и мали уши, а носи обувки со број 37-38.

Според досегашните информации, во автомобилот се наоѓале три лица, од кои едно било тешко повредено. Службите продолжуваат со пребарување на теренот за да ја лоцираат исчезнатата жена, објави Скопје1.мк 

Back to top button
Close