Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ, бара Штерјова

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема, изјави Кети Штерјова од СДСМ.

-Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула!

Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ? Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар? Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски?

Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка” а потоа дека има многу различни бактерии? Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар?

Повеќе од еден месец граѓаните слушаа различни и контрадикторни изјави од власта. Мицкоски велеше дека водата е исправна за техничка употреба, Ангелов и Клековски потврдија дека има бактерии, а Тошковски правеше хиперхлорирање.

Официјален извештај и целосна анализа за водата пред јавноста немаше. За катастрофата во Гостивар мора да има политичка и кривична одоговорност. Исто и за нападот врз младите активисти во Ново Село – рече Штерјова.

Back to top button
Close