СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода?
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека му завршила научно-образовната екскурзија, па го прашаа кога ќе оди во Гостивар.

-Мислевме дека екскурзијата е стручна. Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку.
Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образованиеm
Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна.
Првиот ден – милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите.
Вели дека чистел цевки во Гостивар.
Четири недели чистење.
Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник.
1.200 проекти и образование.
Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200.
Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ.
Вели дека не може да зборува за историја.
Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата.
Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога.
Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците.
Опозицијата е „безидејна”, создава паника и хистерија додека е на одмор.
Знаеле ден порано за „хибридниот напад” врз водата во Скопје.
А зошто ништо не направија кога знаеле?
И повторно закани со Обвинителство и полиција.
Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата?
А секако виновни се Заев и Филипче. За сè.
Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата.
Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата?
Тоа зборува Мицкоски?
Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад.
Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори.
Три нови инвестиции. Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали”.
Една германска, една американска, а третата… „не може да каже”.
Веројатно проширување на медиумската мрежа – на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ.
Како и секогаш – не може да каже кои се.
Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета.
Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае…
На крај – порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена.
За да ни каже колку малку бил на одмор.
Само не ни кажа една работа:
Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода?, пишува во партиското соопштение






