Мицкоски изврши увид во изградбата на фекална канализација во Идризово

Денеска во Македонија на повеќе од 1.200 локации се гради, нешто коешто за нас како Влада е многу значајно бидејќи на тој начин не само што се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност, туку и на овој начин овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, од увидот во изградбата на фекална канализација во Идризово.

-Иако, се разбира, не можеме ние сè наеднаш да решиме со два повика, нешто коешто со децении не се правело, сепак мислам дека со ваквите проекти голем дел од тие приоритети на граѓаните ќе бидат решени и ќе можат да имаат поквалитетен живот тие и нивните семејства.

Економската активност предизвикува и добри економски резултати, а во периодот којшто следи очекувам позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото. Покрај овие проекти кои ги финансира Владата на целата територија на државата, ќе се појават шест делници на автопати коишто ќе се градат. Градежништвото претставува еден од оние двигатели на економската активност во Македонија, рече премиерот.

Back to top button
Close