(ВИДЕО)Хеликоптер полни вода од базен за да заштеди на време во борба со пожарот во Македонски Брод

Стојанче Aнгелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, сподели видео од начинот на кој полициски хиликоптер се снабдува со вода, а кој учествува во гаснењето на пожарот на тешко пристапен терен над с. Драгов Дол, Општина Македонски Брод.

-Ннаместивме монтажен базен во непосредна близина на пожарната линија и на реката Треска. Со овој потег овозможивме хеликоптерот наместо да лета до езерото Козјак одалечено 15-ина минути летање од пожарот, денес да полни вода од базенот во непосредна близина со што на секои три до четири минути истура тон вода врз критичните точки од пожарот, вели Ангелов.

Тој упати и благодарност и до сите вклучени во борбата против пожарите.

-Благодарност до 25-те доброволни пожарникари кои се дел од Модулот за шумски пожари на ДЗС, до 5-те оперативци на ДЗС кои работат со нив и до професионалните пожарникари од Македонски Брод кои неуморно со денови се борат со огнот на терен, рече Стојанче

Back to top button
Close