Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол, лишени од слобода осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по девет на територија на СВР Велес и СВР Охрид, осум на територија на СВР Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се четири возачи под дејство на алкохол.

Како што се наведува во соопштението, лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. За време на контролата санкционирани се и 162 други видови на прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Back to top button
Close