Граѓаните ги полнат резервоарите пред поскапувањето на горивата, редици на бензинските

Вечерва на повеќе бензински пумпи се забележуваат редици од возила, откако беше објавено новото поскапување на горивата.

Граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите пред стапувањето во сила на новите, повисоки цени, а на дел од бензинските се создадоа колони од автомобили.

Зголемениот интерес за точење гориво доаѓа по информациите за сериозно покачување на цените, поради што дел од возачите одлучија да наполнат гориво по старата цена.

Регулаторната комисија за енергетика на Република ги објави новите цени на горивата кои повторно отидоа нанагоре. И тоа значително – цената на бензините се искачи за 4,50 а на дизелот за 6,50 денари. Така според новиот тарифник за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 91,50, за литар Еуросупер БС-98 по 93,50 а за литар Еуродизел Д-Е V по 98 денари. Или во проценти изразено во просек за 4,85% во однос на досегашните малопродажни цени на нафтените деривати. Ваква одлука регулаторната комисија за енергетика има донесено заради поскапувањето на референтните цени на светскиот пазар кај бензините за 8,983% и кај дизелот за 10,979 отсто додека курсот на денарот во однос на доларот се намали за 0,2247%. Во пресметките се влезени и намалените акцизи за 2 денари кај бензините и 4 кај дизелот.

Back to top button
Close