
Седумнаесет месеци по трагедијата во Кочани, државата успеа да произведе нешто речиси подеднакво морбидно како сопствениот институционален распад што доведе до неа – парламентарна комисија која постои на хартија, а осум месеци нема членови, седница, расправа и никаков резултат. Родителите коишто со право бараат одговори, Собранието им сервира некакви флоскули за усогласувања, а ДПМНЕ, кое ја предложи и изгласа оваа конструкција, денес не може да го направи ни најелементарното, односно, да достави имиња за сопствената комисија. Ниту ДПМНЕ ниту СДСМ не предложија членови, единствено
#Левица достави предлози за член и заменик-член.