Левица: Преку 4% од БДП за одбрана, а најслаба војска во регионот

„Во ранговите на самата војска владее кадровска криза и незадоволство при што професионалниот состав страда од масовен одлив на обучен кадар и незадоволство од ниските примања. Поголемиот дел од касарните се изградени во времето на СФРЈ и со децении зјаат невозобновени. Санитарните услови се катастрофални – нема парно греење во зима, тоалетите се руинирани, спалните соби ги разјадува влага, а покривите протекуваат. Квалитетот на храната во армиските мензи често е под стандардот за физички активни професионалци, а редовни се поплаките за недостиг на основни хигиенски средства, поради што војниците сами купуваат материјали за одржување на просториите“,велат од Левица.

Back to top button
Close