Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази благодарност до припадниците на Армијата истакнувајќи ја нивната посветеност, но и одговорност и професионализам во извршувањето на задачите во служба на државата и граѓаните.

Во објава на својот профил на „Фејсбук“, Мицкоски нагласи дека Армијата претставува многу повеќе од униформа и оти нејзината улога е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на државата.
– Армијата е многу повеќе од униформа. Таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност. Таа е силата што стои зад безбедноста на државата и луѓето што живеат во неа – напиша премиерот.
Тој им оддаде признание на сите активни припадници на Армијата, старешини и службени лица, кои, како што посочи, со достоинство и одговорност ја извршуваат својата мисија во интерес на државата.





