Пожар во автобус на ЈСП кај Цветово: Возачот реагирал навреме и го изгаснал

Пожар избувнал во автобус на ЈСП пред влезот во скопското село Цветово, при што нема повредени лица.

Според информациите од МВР, на 17 август околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека 59-годишниот Д.В. од Скопје, додека управувал автобус на ЈСП, забележал чад што доаѓал од неговиот преден дел.


Возачот веднаш го запрел автобусот и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот.

Во инцидентот нема повредени лица, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close