Првиот турски смартфон ќе биде пуштен во продажба во почетокот на 2027 година

Турската одбранбена компанија ASELSAN, телекомуникацискиот оператор Türk Telekom и TTT İnovasyon соработуваат на заеднички проект за развој на локален и национален паметен телефон, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Се очекува првиот модел да биде претставен во првиот квартал од 2027 година, а проектот предвидува развој на три различни уреди, од кои едниот ќе биде дизајниран специјално за државни службеници.
Моделот за државната администрација ќе биде од висока класа и ќе има енкриптиран систем за заштита, прецизира телевизијата, додавајќи дека неговата главна цел ќе биде безбедна комуникација.
Другите два модела ќе бидат насочени кон масовниот пазар. Се очекува дека целосните технички спецификации и дополнителни детали за уредите ќе бидат објавени во подоцнежна фаза од имплементацијата на проектот






