Невреме во Струга и Берово, откорнато дрво во Ѓорче Петров


Невремето денеска попладне зафати повеќе делови од Македонија, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено нестабилно време има во охридско-струшкиот регион, каде силниот ветер го разбранува Охридското Езеро, а над езерото се развива и грмотевична активност. Невреме е регистрирано и во Берово и други делови од источна Македонија.

Силниот ветер попладнево се почувствува и во Скопје, особено во Ѓорче Петров. Според информации од терен, ветерот бил толку силен што откорнал дрво, создавајќи дополнителна опасност за пешаците и возачите.

УХМР претходно предупреди на можност за развој на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони.

Нестабилното време продолжува, па се препорачува зголемена внимателност при движење на отворено, особено во периодите на најсилни врнежи и ветер.

Back to top button
Close