Бугарија побара информации од Србија за пожарот и понуди помош

Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална нота на српските власти со барање информации за пожарот во областа во близина на границата, што предизвика густ чад и на бугарска територија. Бугарското МНР исто така, понуди помош во гаснењето на пожарот.

Бугарското МНР објави дека бугарските дипломатски мисии во Белград и Ниш се во постојан контакт со надлежните српски институции.

Поради густиот чад што стигна до делови од Софискиот, Ќустендилскиот и Перничкиот регион, МНР на Бугарија презеде итни мерки за разјаснување на ситуацијата и за добивање на најнови информации од српските власти.

Порано во текот на денот, густ чад беше регистриран во седум општини во Софискиот и Перничкиот регион. Поради влошената состојба, системот BG-Alert беше активиран во Костинброд.

Back to top button
Close