Орхан Муртезани ја презеде функцијата амбасадор и постојан претставник на Македонија во НАТО
Преку објава на социјалните мрежи, тој рече дека новата функција претставува ново професионално поглавје за него, но и продолжување на истата посветеност кон зајакнување на позицијата на земјата во евроатлантското семејство.

„Нова задача, иста одговорност“, објави вчера Муртезани на Фејсбук, нагласувајќи дека негова цел ќе биде Македонија да биде безбедна држава, сигурен сојузник и земја што има свој глас и придонес во НАТО.
Тој исто така нагласи дека во време кога безбедноста не може да се земе здраво за готово, членството во НАТО носи не само привилегии, туку и одговорност.
„За мене, ова е ново професионално поглавје, но во исто време и продолжување на истата посветеност – Македонија да биде безбедна, сигурен сојузник и држава што има свој глас и придонес во евроатлантското семејство“, нагласи Орхан Муртезани.






