Во Грција „Ер трактор“ заврши во морето: Пилотот спасен во последен момент

Уште еден инцидент со летало за гаснење пожари е регистриран во Грција, но, за среќа, без човечки жртви. Изнајмен авион „Ер трактор“ во неделата, во доцните попладневни часови, принудно слетал во морето поради проблеми со моторот.

Screenshot

Инцидентот се случил во Егејското Море, во областа Валти. Пилотот навреме пријавил дека има проблем со леталото, по што при принудното слетување завршил во морето.

На местото прв пристигнал рибарски чамец, чиишто членови го спасиле пилотот и го евакуирале од морето. Во меѓувреме, по пријавата за инцидентот, кон областа биле упатени и три пловила на крајбрежната стража.Инцидентот доаѓа во период кога Грција се соочува со сериозни пожари и интензивно ги користи воздушните сили во борбата со огнената стихија.

Ова лето во земјата веќе беа регистрирани и два инцидента со хеликоптери ангажирани во противпожарни операции. Во првиот случај, хеликоптер при полнење вода се урна во езеро, но пилотите, за среќа, преживеаја.

Неодамна, пак, два хеликоптери директно се судрија, при што едниот се урна, а во несреќата загинаа двајца члена на екипажот.

Back to top button
Close