Русија и Украина извршија размена на заробеници

Министерството за одбрана на Русија денеска објави дека е извршена размена на воени заробеници со Украина.

„Денеска, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени заробеници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението.

Минатата недела Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници.

Back to top button
Close