Тепачка меѓу две групи во Сингелиќ, во пресметката употребени кундак од пиштол и метален предмет
Две групи се тепале во скопски Сингелиќ, а во насилството биле употребени и кундак од пиштол и метален предмет. Инцидентот се случил вчера доцна попладнето.

– На 18.08.2026 во 19:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 18:45 часот на плац во населба Сингелиќ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(28) и неговиот малолетен син од една страна и Ф.С.(28) и Б.С.(66) од друга стана, сите од село Сингелиќ, скопско, при што бил употребен кундак од пиштол и метален предмет, соопштија од полицијата во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.






