Скопје повторно ќе се прска против комарци и од воздух и од земја

Град Скопје информира дека во раните утрински часови на 20 и 21 август ќе се спроведе авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот.

 

Покрај авионското прскање, од 23 до 26 август е предвидена и терестична дезинсекција.

– Advertisements –

 

Терестичната дезинсекција ќе се спроведува во периодот од 22.00 до 03.00 часот наредниот ден, соопшти Град Скопје.

 

Од градската администрација посочуваат дека реализацијата на активностите ќе зависи од временските услови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини – се наведува во соопштението

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close