ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност во НАТО


Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција, се наведува во соопштението од ВЛЕН што МИА го пренесува интегрално.

Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност.

Орхан Муртезани располага со потребното искуство и знаење за достоинствено да ја претставува земјата и да придонесе за зајакнување на нејзината улога во Алијансата.
ВЛЕН верува дека важните функции треба да им се доверуваат на подготвени луѓе.

На Орхан Муртезани му посакуваме успешен мандат во НАТО.

ВЛЕН

Back to top button
Close