Доживотен затвор за основачот на кинеската градежна компанија „Evergrande“, фирмата парично казнета со две милјарди евра
Основачот на кинеската градежна компанија „Evergrande“, Ксју Џијаџин, е осуден на доживотен затвор поради извршено кривично дело голема финансиска измама, соопшти Судот во Шенжен.

На Ксју му е конфискуван сиот личен имот и доживотно му се одземени граѓанските права, додека компанијата „Evergrande“ и нејзината подружница за недвижности се казнети со вкупно 15,82 милијарди јуани, или околу две милијарди евра.
Според судот, „Evergrande“ и Ксју во периодот од 2016 до 2021 година со финансиски измами ја зголемувале вредноста на имотот и прикривале обврски на компанијата.
„Evergrande“ во 2021 година не ги исполнила своите обврски, откако кинеските власти ги заострија условите за кредитирање поради прекумерното задолжување во секторот на недвижности. Нејзиниот колапс придонесе за кризата на кинескиот пазар на недвижности, која и натаму ја оптоварува економијата.
Уште петмина високи функционери на компанијата се осудени на затворски казни од шест до 18 години.
„Evergrande“ беше една од водечките кинески компании за недвижности, чиј раст беше поттикнат од брзата урбанизација и зголемувањето на животниот стандард во земјата.






