Се претставил како лекар и измамил жена за 2.500 евра со лажна приказна дека нејзината внука е тешко повредена и ѝ е потребна интервенција
23-годишен штипјанец е кривично пријавен за измама, откако, според МВР, од жена од Пробиштип успеал да земе 2.500 евра претставувајќи се како лекар.

Како што информира полицијата, на 3 јуни 2026 година, М.М. ја измамил жената со лажно тврдење дека нејзината внука претрпела тешка телесна повреда при пад и дека е потребна медицинска интервенција.
За наводната интервенција, тој од жената побарал и добил 2.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против него за сторено кривично дело „измама“.






