Со смс порака за лажен сообраќаен прекршок неготинец измамен за 27.000 денари


Неготинец (44) остана без 27.000 денари откако плати пари по измама со смс порака за лажен сообраќаен прекршок, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 14:50 часот во ОВР Неготино, 44-годишен неготинец пријавил дека бил измамен за сума од 26.908 денари. Според пријавеното, тој добил порака на телефон за наводно сторен сообраќаен прекршок со детали за начин на уплата на глобата во висина од 920 денари, за која било наведено дека ќе биде наплатена со попуст од 50 проценти и прикажана сума од 460 денари – информираа од СВР Велес.

Пријавителот ги следел инструкциите и со картичката на неговата сопруга ја започнал постапката за уплата, по што му стигнала порака за успешна трансакција, а по кратко добил уште една порака и откако ја проверил сумата што му е повлечена од сметката сфатил дека бил измамен.

Се преземале мерки за расчистување на настанот.

Back to top button
Close