Што се случува со труењата на мали деца во Куманово?


Во четвртиот таков случај во Куманово од јуни наваму и третиот само во последните три недели, мало дете од градот завршило во болница откако се затруло, а во конкретниот случај тоа испило бензин, јавува „Куманово њуз

Се работи практично за бебе од 16 месеци

„На 19.08.2026 околу 22:28 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете, кое испило бензин“, информираат од кумановската полиција.

Само во изминатите дваесетина дена, ова е трет ваков случај во Куманово. Во првиот, дете се затру со пиење разредувач за боја, а во вториот – двегодишно кумановче заврши во болница откако испило лекови.

Минатото лето исто така беа забележани неколку слични случаи на случајни труења на деца во Куманово, а едно затруено бебе имаше само десет месеци. Од сите такви случаи забележани во државата во изминатите две години, огромното мнозинство се во Куманово.

Од болницата во градот велат дека детето кое вчера испило бензин е во стабилна состојба, откако било пренесено на скопските клиники.

– Станува збор за интоксикација со бензин на дете старо 16 месеци. Транспортирано е на клиника, во стабилна состојба, вчеравечер околу 22 часот, велат од болницата, а од полицијата додаваат дека работат на расчистување на случајот.

Back to top button
Close