(Фото) Дивокоза по долго време повторно забележана на Пелистер: Фотозамките откриваат богат животински свет
По долг период без забележана појава, дивокоза повторно е регистрирана на фотозамките поставени во Националниот парк „Пелистер“. Од НП „Пелистер“ информираат дека засиленото работење на ренџерската служба придонесува за почеста појава и следење на дивечот во неговите природни живеалишта.

Преку фотозамките се следи движењето на животните, нивната бројност и здравствената состојба, но и нивната улога во природниот синџир на исхрана.
На една од фотографиите е забележан волк (Canis lupus) како предатор кој се движи со својот плен – срна (Capreolus capreolus).
Особено внимание привлече фотографијата на дивокозата (Rupicapra rupicapra), која, по долг период на интензивен мониторинг, повторно е регистрирана на Пелистер.
Фотозамките ја забележале и дивата свиња (Sus scrofa) во група, што е карактеристично однесување за овој вид на планината.
На останатите фотографии е регистрирана и дива мачка, вид кој посетителите понекогаш го мешаат со балканскиот рис. Од НП „Пелистер“ посочуваат дека дивата мачка има свои специфични карактеристики и значително се разликува од рисот





