Повеќе од 300 мигранти спасени во близина на брегот на Мавританија
Повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, беа спасени во ноќта меѓу средата и четвртокот од страна на мавританската крајбрежна стража, откако биле затекнати во тешка хуманитарна состојба.

Во изминатите неколку месеци во водите на Мавританија беа спасени стотици мигранти, од кои најголем дел потекнуваат од Сенегал, Гамбија и Мали.
Сепак, атлантската рута сè уште важи за една од најопасните, при што стотици други луѓе го загубија животот или се водат како исчезнати во обидот да стигнат до Европа преку море






