Сончево и многу топло, Скопје ќе достигне 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне до 40 степени.






