ПМФЛ: Вардар убедлив против Силекс

Фудбалерите на Вардар ја прекинаа низата од два порази во ПМФЛ, совладувајќи го вечерва на домашен терен Силекс со 4-1 (1-1) во рамки на 4. прволигашко коло.
Актуелниот шампион рано дојде во водство со голот на Данев во 3 минута, но кратовскиот прволигаш до крајот на полувремето го израмни резултатот со погодокот на Анѓелески (37 минута).
Нововлезениот Маневски го врати водството на Вардар во 63 минута, а Пиреш во 69. и Спахиу во 88. минута беа прецизни за на крајот убедлив триумф на домашниот тим.
Прволигашкото коло ќе биде заокружено вечерва со дербито меѓу Шкендија Тетово и Струга.
ПМФЛ – 4 коло:
Скопје – Тиквеш 1-1 (одиграно во петокот)
Брегалница – Башкими 3-0 (петок)
Шкендија Арачиново – Арсими 0-2 (сабота)
Вардар – Силекс 4-1
Шкендија Тетово – Струга (понеделник, 19 часот, ФФМ Тренинг центар Скопје)
Табела: Шкендија 9 (-1), Силекс 7, Тиквеш 7, Струга 7 (-1), Брегалница 6, Арсими 6, Вардар 6, Шкендија Арачиново 4, Скопје 2, Башкими 0.






