Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената посета на Американско-канадската епархија
Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше најавена за крајот на август, во рамки на собирските манифестации на Американско-канадската епархија, чиј домаќин годинава е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго.

Архиепископот Стефан не учествуваше во богослужбата и за празникот Преображение на 19 август, потсетува порталот “Религија“
МПЦ-ОА во краткото соопштение не наведува детали за здравствената состојба на Архиепископот Стефан, освен дека посетата е откажана по препорака на лекарите.
„Канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ја известува јавноста дека, поради здравствени причини и по препорака на лекарите, Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан нема да ја оствари најавената посета на Американско-канадската епархија, а која требаше да се оствари по повод претстојните собирски манифестации на таа наша епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук (Чикаго).
На Архиепископот Стефан, со Божја помош, му посакуваме брзо закрепнување, за да може уште многу лета да раководи со нашата Света Црква“, стои во соопштениоето од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.






