Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 25 август во 06:10 часот во СВР Скопје, по што екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го извлекла телото од реката.
По извршеното препознавање од страна на семејството било утврдено дека се работи за Т.Г. (83) од Скопје. Неговиот син Г.Г. (46) претходниот ден пријавил дека татко му се оддалечил од домот.
На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција објави Скопје1.мк






