СДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на Македонија

Иван Стоилковиќ, министер во Владата на Северна Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите.
За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ – осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој.
За него тој е „негов генерал“ – среде Македонија.
Ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник.
Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество – ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните.
Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја.
СДСМ најостро го осудува овој чин.
За вакви како Стоилковиќ нема место во ниту една демократска, европска и цивилизирана влада.
Мицкоски мора да одговори – дали ова е официјален став на неговата Влада или личен испад на неговиот министер?
Граѓаните на Македонија не заслужуваат да имаат министер кој воениот злосторник го нарекува „мој генерал“.
Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата кои ги величаат воените злосторници. Види помалку







