СДСМ: До каде е истрагата за влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
Соопштение на СДСМ:

Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста?
По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката.
Но, што се случува оттогаш?
Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега?
Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави?
СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока.
Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија.
Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони.
Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска.
Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда.
Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност.
Да има само пропаганда и контрола.
СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот.
Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија.
Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година.
Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски






