Тешко повреден работник во Карпош – паднал од висина
МВР информира дека вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.К.(49) од с. Студеничани, скопско.

Според пријавеното, околу 15:00 часот, додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Карпош, му се слошило и паднал од висина.
За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор






