Од утре зголемени пензии во Македонија, ама не се знае за колку

Од утре, 1 септември 2026 година во согласност со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пензиите треба да се зголемат во зависност од инфлацијата и од растот на просечната нето-плата во првото полугодие од годинава во однос на претходното полугодие. Овие пензии вака зголемени треба да им се исплатат на пензионерите на 1 октомври.

Но, сè уште официјално не е објавено за колку се зголемуваат пензиите.

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски во телевизиско интервју пред неколку денови изјави дека износот на порастот на пензиите ќе се знае на почетокот на септември, а „според сите параметри и сознанија, ќе биде 3 до 3,5 проценти“.

Државниот завод за статистика веќе ги објави податоците за првото полугодие како за растот на платите, така и за инфлацијата. Истовремено, објави податоци и за соодносот со првото полугодие од претходната година.

Во Законот за пензиско и инвалидско осигурување во член 37 е регулиран процесот на усогласување на пензиите. Таму е наведено дека „усогласувањето на старосната пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50 проценти

Back to top button
Close