19 хоспитализирани на Инфективна клиника – потврдена е трета птица со западно нилска треска во Скопје
Состојбата заклучно со денешниот ден е дека има 55 вкупно случаи на западно нилска треска, 53 се потврдени, двајца се непотврдени. Од вкупниот број заразени, еден е без хоспитализација, 52 се хоспитализирани. Во моментов 19 лица се хоспитализирани на Клиника за инфективни болести, од кои 17 се потврдени, двајца се непотврдени, извести министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој појасни дека бројките се разликуваат заради различниот временски пресек.
Според статистиката, 11,5 проценти е смртноста досега, просечното лекување трае 14 дена, најдолгото лекување било 29 дена, најкраткиот испис е 8 дена.
Врвот на оптовареност на Клиниката е на 12 август, кога имало 24 хоспитализирани, моментално се 18 потврдени. Најмногу хоспитализации имало од 3 до 24 август, тука се најголемиот број на хоспитализации. Четири пати повеќе мажи отколку жени се хоспитализирани, а сите починати се мажи.
Прва хоспитализација во мај, повеќе недели немало случаи, регистриран случај крајот на јуни, растот започнува на 13 јули, на 18 јули Институтот за јавно здравје го издаде извештајот и започнаа да се спроведуваат мерките“, изјави министерот.
Од 24 август има 3 потврдени, два непотврдени, пет вкупно хоспитализации, во споредба со 9 до 11 хоспитализации претходните три недели.
Дополнителна промена на епидемиолошката слика е дека новите случаи се во Скопје Север или Северо-исток.
Министерот информираше дека трета птица, гавран е позитивен на западнонилска треска, во Карпош, кај Драмски театар.
Тој апелираше до граѓаните да не се пријавуваат распаднати птици бидејќи не можат да се извршат тестирања на такви птици, а фокусот да бидат гаврани.
„Ќе се обидеме да се фокусираме на мртвите птици надвор од Скопје, бидејќи во Скопје ја знаеме состојбата“, додаде тој.






