Џуди Денч ја нашла љубовта во осмото десетлетие од својот живот
Познатата британска глумица Џуди Денч се враќа на ТВ-екраните со емисијата „На чај со Џуди Денч“ (Tea with Judi Dench). Во новото ток-шоу коешто се прикажува на „Скај артс“ (Sky Arts), „оскаровката“ го пречекува сер Ијан Мекелен во својот дом, со кого има отворен разговор за нивните извонредни кариери и животи.

Џуди, која е на самиот почеток од десеттото десетлетие од својот живот, е позната и сакана во светот на глумата, којашто ги вклучува улогите во серијалот „Џејмс Бонд“, „Белешки за еден скандал“, „Филомена“ и „Вљубениот Шекспир“, како и богата театарска кариера со престижната Кралска Шекспирова компанија. Според српскиот портал „Супержена“, таа ја нашла својата во осмото десетлетие од животот. Џуди, имено, од 2010 година е во врска со стручњакот за заштита на природата Дејвид Милс, кој е речиси 10 години помлад од неа.
Дејвид ја почнал својата кариера како млечен фармер, со наградувано стадо чистокрвни крави. Во 1994., го продал своето стадо и решил да му се посвети на зачувувањето на британскиот див свет. Така, три години подоцна, тој го основал Британскиот центар за диви животни, којшто е дом на широк спектар диви животни и е најголемиот одгледувач на црвени верверички во Велика Британија.
Дејвид и Џуди се запознале кога тој ја поканил во неговиот центар за диви животни во 2010 година на претставувањето на кафез за верверички.
Интересно е што и покрај тоа што се заедно повеќе од 15 години, двојката нема планови да се венча во скоро време.
– Разговаравме за тоа, но мислам дека вака е многу подобро за нас бидејќи имаме две одделни куќи. Или сме во едната или во другата, а тие се оддалечени околу четири милји (околу 6,4 км), изјави Дејвид за списанието „Гуд хаускипинг“ (Good Housekeeping).
– Тој нема да ми предложи брак. Не, не, не, не, не… Ајде само да си се собереме и да се однесуваме соодветно на нашите години, додаде Џуди.
Хлумицата, исто така, рече дека претпочита да го нарекува својот партнер „маж“ отколку „партнер“.
– Не знам кој е вистинскиот збор, бидејќи не ми се допаѓа називот „партнер“. Партнер има врска со танцување. Партнер – ужасен збор. Пријател? Не. Дечко? Не. Маж? Може ли да кажам „маж“?, праша таа реторички.
И во своите 90-ти, Денч е сѐ уште активна во светот на филмот. Последниот филм со којшто е актуелна, е семејната фантастика „Волшебното далечно дрво.“ (The Magic Faraway Tree).






