По 8 Септември нè очекуваат уште четири неработни денови: Еве кога се продолжените викенди

Иако летото полека завршува, календарот до крајот на 2026 година сè уште носи неколку можности за одмор. По 8 Септември следуваат уште четири неработни денови за сите граѓани, а два од нив паѓаат во понеделник и петок, што овозможува продолжени викенди.

Првиот следен празник е 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија. Празникот годинава се одбележува во вторник, па со земање слободен ден во понеделник, 7 септември, може да се спојат четири слободни денови – од сабота, 5 септември, до вторник, 8 септември.

Потоа следува 12 октомври, понеделник, кој е неработен по повод Денот на народното востание, бидејќи 11 Октомври годинава паѓа во недела. Тоа значи уште еден продолжен викенд.

Само две недели подоцна, на 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, што носи уште еден тридневен продолжен викенд.

Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември, вторник, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед, неработни се и 1 ноември – Празникот на сите светци, како и 25 декември – Божиќ, првиот ден на Божиќ.

Така, октомври ќе биде особено поволен месец за краток одмор, со два продолжени викенда, а оние што ќе земат слободен ден на 7 септември можат да добијат четири слободни денови во низа.

Back to top button
Close