(ФОТО) Во Охридското Езеро се пронајдени 4 000 метри незаконски рибарски мрежи со над 100 килограми белвица

На потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда се пронајдени 20 таканаречени висечки рибарски мрежи, чија употреба за лов на риба е строго забранета.

Мрежите се со вкупна должина од околу 4 000 метри, а во нив се уловени 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

Ваквата акциска контрола е спроведена од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, а е поврзана со кривично дело незаконит риболов, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.„По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и од Регионалниот центар за гранични работи Запад, од езерото ги подигнаа робарските мрежи заедно со уловот. За случајот е известен и надлежниот Инспекторат за рибарство“ се вели во полициското соопштение.

Во следниот период, според најавите, полицијата за граничен надзор ќе продолжи со спроведување засилени акциски контроли со цел сузбивање незаконит риболов, како и пронаоѓање лица сторители на ова кривично дело и заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро.

Back to top button
Close