„ЛДП заборава дека нејзиниот поранешен претседател Жерновски во 2009 година го сруши првиот закон за додаток за трето и четврто родено дете“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на ставовите на ЛДП во врска со изјавата на министерката за образование и наука Весна Јаневска за демографските предизвици и намалувањето на бројот на ученици.

Од партијата велат дека нивната политичка заложба, како партија и како Влада, е директно поврзана со семејните вредности.

„ЛДП заборава дека нејзиниот поранешен претседател Жерновски, кој сега е во СДС, во 2009 година со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот закон за додаток за трето и четврто родено дете“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека во однос на коментарите на ЛДП за изјавата на министерката Јаневска, сакаат да потсетат на постапката од 2009 година, кога, како што наведуваат, поранешниот претседател на ЛДП, а сегашен член на Извршниот одбор на СДС, поднел иницијатива пред Уставниот суд со која бил оспорен првиот Закон за додаток за трето и четврто родено дете.

Back to top button
Close