Ја врзал жена му за дрво во шума во Скопје и ја тепал

Дваесет и седумгодишен скопјанец е приведен откако неговата 21-годишна сопруга го пријавила за физички напад во семејниот дом, а потоа и во шумски предел во скопско.

Според МВР, на 1 септември во 20:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Ф.Д. (27) од Скопје.

Неговата сопруга пријавила дека најпрво физички ја нападнал во семејниот дом, а потоа ја однел во шумски предел во скопско, каде ја врзал за дрво и ја нападнал со тврд предмет.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

Back to top button
Close