Почина легендарниот хрватски фудбалер Иван Гудељ

На 67-годишна возраст почина поранешниот југословенски (хрватски) фудбалер Иван Гудељ.

Според хрватските медиуми, Гудељ почина по тешка болест.

Станува збор за прославениот фудбалер на Хајдук Сплит, кој во текот на својата кратка кариера ги бранеше само боите овој клуб.

Последниот натпревар го одигра против Црвена Звезда, при што падна на земја откако почувствува болка во мускулите. Токму во тој момент, кога се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, му беше дијагностициран хепатитис Б, по што ја заврши кариерата во 1986 година.

Гудељ беше еден од најдобрите играчи на просторите на поранешна Југославија, а кариерата ја заврши на само 25 години.

Меѓу неговите успеси е признанието за најдобар млад играч во Европа во 1979 година, беше вклучен во идеалните 11 на Светското првенство во 1982 година, а беше и најмладиот капитен во историјата на југословенската репрезентација.

Одигра 362 натпревари за Хајдук и постигна 93 гола, додека го носеше дресот на репрезентацијата во 33 наврати

Back to top button
Close