Мистериозен случај со двојна смрт во стан во Скопје – ова се најновите информации

Две лица од Тајван се пронајдени мртви во стан Кисела Вода.
Станува збор за 50-годишна жена и 37-годишен маж. Претходно тие двајца биле пријавени за исчезнати од жена, која во полиција дала изјава дека ги нема нејзината мајка и сопругот на нејзината мајка.
Од МВР потврдуват дека случајот бил пријавен денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје.
Според информациите од полицијата, Н.М. ги пронашла својата мајка Ч.Т.Ј. (50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата државјани на Тајван.
Денеска околу 13:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан во централното подрачје на Скопје, од страна на Н.М. пронајдени се починати нејзината мајка Ч.Т.Ј.(50) и сопругот на нејзината мајка Ш.Л.Ф. (37), двајцата од Тајван, а кои на 02.09.2026 во 00:49 часот биле пријавени за исчезнати од страна на Н.М., информира МВР.
На лице место упатена е екипа на СВР Скопје, а од лекар од судска медицина констатирана е смрт без видливи траги на насилство и телата се дадени на обдукција.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот






