Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

Во текот на ноќта била реализирана акција на МВР, за сузбивање на сериозен финансиски криминал, неофицијално дознава „Фокус“. Биле извршиле претреси на повеќе локации, а биле приведени и неколку осомничени лица.

Според првичните информации, постојат сомневања за финансиски злоупотреби поврзани со наплата на надоместоци при регистрација на возила, а проценката е дека е направена штета од над 2 милиони евра.

Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Back to top button
Close