Метеоаларм за цела Македонија

Високите температури и понатаму го зафаќаат целото подрачје на земјава, поради што за денеска, 3 септември, е активиран жолт метеоаларм.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува на високи температури во сите региони на државата, а граѓаните се повикуваат да бидат внимателни и да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време.

Особено се препорачува да се избегнува подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да се внесуваат доволно течности и да се преземат мерки за заштита од директно сончево зрачење.

Од надлежните служби апелираат и на особено внимателно однесување на отворен простор, имајќи го предвид зголемениот ризик од појава и ширење на пожари во услови на високи температури

Back to top button
Close