Евакуација на луѓето во областа на шумскиот пожар во Калифорнија
Во Калифорнија во тек е голема акција за спасување и евакуација на луѓето кои се наоѓаат во областа на шумскиот пожар.
Според Би-Би-Си, десетици луѓе биле евакуирани со воени хеликоптери од областа Мамутов извор, 60 километри северозападно од Фресно.
Досега се регистрирани две лица со сериозни повреди и десет со полесни.
Пожарот се шири брзо и зафати околу 5.000 хектари шума.
Локалната противпожарна служба соопшти дека досега 63 лица биле евакуирани со воени хеликоптери, а не е познато колку од нив сè уште се во опасност и чекаат да бидат спасени.