Гром му усмрти 107 овци на сточар од Чашка
Сточарот од Општина Чашка, Тасин Усеинов, во средата доживеа вистинска несреќа за неговото стадо, кога од удар на гром му угинаа 107 овци, пренесе „Агротим“.

Од Сојузот на одгледувачи на овци, каде Усеинов побарал помош информираа за случајот и очекуваат дека институциите ќе изнајдат начин да му помогнат на сточарот да ја надмине оваа ситуација и да продолжи да се занимава со овчарство.






