Раб: Русија има должност да објасни како е отруен Навални

Русија има должност да објасни како е отруен критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, со нервниот отров новичок, изјави денеска министерот за надворешни работи на Битанија, Доминик Раб.

– Јасно е дека руската Влада мора да даде одговори на многу сериозни прашања, изјави Раб за Скај њуз.

Шефот на британската дипломатија посочи дека руската Влада е должна да обезбеди да не се користи хемиско оружје на територијата на Русија, без оглед дали некој од државните структури учествувал во труењето на Навални или не.

Back to top button
Close