Сократовата одбрана пред избраниот плебс

ПОРАКА

до моите пријатели

Сократовата одбрана

пред избраниот плебс

Епилог

 

Си ја преиспитувам совеста. Што и кому му згрешив и кого навредив со долгометражниот документарен филм омаж за Глигоров од Македонија!?

Филмот беше премиерно прикажан во исто време во двете сали во Македонска Филхармонија пред скоро 1500 (илјада и петстонини) гледачи со покани до политичари, институции, интелектуалци, новинари, уметници, луѓе од сите провиниенции кои по проекцијата ни подарија стоечки аплаузи со многу емоции. И понекоја солза.

Вчера и денес сме изложени СДСМ и филмот заедно со мене на непристојни навреди и коментари од страна на господатаТрифун Костовски и Бранко Тричковски.

Јас сум горд што СДСМ беше организатор на настанот и застана до нас и го поддржа филмот. Поводот беше избран со одбележувањето на 8 Септември денот на државноста.

Филмот не е финансиран од партијата.Фонансиран е со лични средства. Затоа на најавната шпица стои НЕЗАВИСНА ПРОДУКЦИЈА. Да беше на партијата ќе стоеше на најавата. СДСМ беше организатор на чествувањето со кое и со проекцијата го удостоивме достоинствено празникот, а беа поканети безмалку сите живи дејци кои оставиле трага во овие 35 години наназад.

Филмот не е портрет на Глигоров како што некои очекуваа. Работен е со филмски ракопис со таканаречена прекршена патувачка низ времето драматуршка предлошка која преку АСНОМ и 8 Септември 1991 патува низ македонските јанѕи и вознеси. Притоа основа се две досега необјавени

интервјуа со Глигоров од петте што ги инав со него.

Филмот е јанѕа и крева и обединува и најмалку е патетичен и досаден.Кому му пречи тоа!?Воден е со динамачно темпо со тонски и музички пикови, фремови и кратки резови кои ја потенцираат борбата за опстој на македонскиот народ и националностите.

Применет е динамичен трејлерски пристап за да предизвика емоција што е цел на секој филм. Секвенциите со повторувањето на клучните сентенци ги потенцираат драматичните и вознесните моментнти низ кои минувавме и минуваме сиве години наназад.

Како сведоштво за колективната меморија. Секој сегмент иницира провокација и размисла за совеста на гледачот.

СДСМ застана до филмот омаж зашто го препозна моментумот.

И затоа им благодарам!

Од тие причини ве молам поштедете ја паријата СДСМ од напади, униженија и етикетирања.

Малку усул имајте во деновиве пред празникот! Филипче имаше одважно достоинствено обединувачко обраќање како што личи на празник кое силно беше поддржано од присутните, исто така, со долготраен стоечки

аплауз.

Затоа ударите под појас нарачани од лукративни причини не држат вода и насочете ги кон мене.

Порака

за моите “пријатели”.

Ударите доаѓаат од близу.

Вие избраните “патриоти” не ја сакате

МАКЕДОНИЈА повеќе од мене и од нас “предавниците”!

Никола Калајџиски – Режисер на долгометражниот документарен филм омаж за Глигоров

Back to top button
Close