Нови детали за убиството во Скопје: Ова е 25 годишното момче кое беше убиено – наводно бил случајна жртва, напаѓачите целеле во други лица

Нови детали за убиството во Скопје: Ова е 25 годишното момче кое беше убиено – наводно бил случајна жртва, напаѓачите целеле во други лица, шренесе 24news.

Младиот Амир Мурати е лицето кое го загуби животот во вооружениот напад што во неделата доцна вечерта се случи во скопски Дуќанџик, во близина на Пластичарска улица.

На социјалните мрежи се појави фотографија од младиот Мурати, а според објава на „Inbox“, тој не бил целта на нападот. Во објавата се тврди дека напаѓачите целеле кон други лица кои во тој момент биле во негово друштво, а куршумите го погодиле Амир. Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните институции.

Според официјалните информации од МВР, вооружениот напад бил пријавен на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“ во Скопје.

Во моментот на нападот, петмина скопјани – Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26) – стоеле пред излог на фирма. Тогаш пред нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, по што било пукано со огнено оружје кон групата. Напаѓачите веднаш потоа побегнале.

А.М. бил погоден и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. И покрај лекарските обиди да му биде спасен животот, тој подоцна починал.

Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Мотивот за нападот и идентитетот на напаѓачите официјално сè уште не се соопштени.

Телма, повикувајќи се на неофицијални информации, објави дека истрагата ја проверува и можноста нападот да е поврзан со пресметка меѓу криминални групи, но за ваквите наводи во моментов нема официјална потврда.

 

Back to top button
Close