СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески. Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
Хипокризија во најчиста форма.
На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината.
Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди.
И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител.
Ова не е државнички говор.
Ова е отворена закана.
Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита.
Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа – криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите.
Граѓаните не се талог.
Опозицијата не е талог.
Критичарите не се талог.
Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста.
СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку.
Народот ќе победи.
Криминалците ќе одговараат.
Власта ќе биде вратена на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






